Во големата сала на Центарот за култура Битола по повод роденденот на Битола 4 ноември денот на ослобудувањето на градот беа доделени општинските награди за животно дело и наградите за едно годишно остварување. По официјалниот дел следуваше културно уметничка програма во која беа поместени, спомнати, битолски брендови кои го одбележаа осум децениското постоење на слободна Битола. Како битолски брендови кои го одбележаа овај периодот од 80-години најстари брендови се: “Културно уметничкото друштво Стив Наумов” кое е формирано два дена после ослобудувањето на Битола на 6 ноември 1944ИЗиз година, “Народниот театар” од Битола формиран 14 ноември 1944 година. Исто така беа спомнати “Радио Битола”, “Битолски весник”, “КУД Илинден” , “Монмартр”, спортските клубови кои го носат името “Пелистер”, “Интерфест”, “ИФФК Браќа Манаки”… Во музичка програма настапија: мешаниот хор на “Стив Наумов”, “КУД Илинден”, детскиот хор “Ѕвончиња”, Полина Тасевска, Бојан Стојков, Димитар Андоновски. Пред Сефедин Бајрамов да ја испее песната за Ајри Демировски Снагата ми е во Стамбол, а душата во Битола.Битолчани се потсетија на убавиот глас на Ајри со видео запис од кабинетот на градоначалникот. Своја изведба за театарот имаше Петар Мирчевски, а за “Радио Битола” зборуваше некогашната водителка Данка Јанковска.Во музичката претстава беше споменат и авторот на првата македонска опера “Гоце“, Кирил Македонски.Текст и фото: Дамијана Ристевска
Со културно уметничка програма истакнати значајните Битолски брендови во изминатите 80 години
More from БитолаMore posts in Битола »
- НТ Битола им доделени плакети на пезнионираните, тие “не издржаа“ на сцена, се расплаќаа, им се вратија спомените, беа повторно горди што биле дел од НТБ (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола се снимаше филмот “Ослободувањето на Скопје“
- Раул Алонсо нов тренер на Еурофарм Пелистер
- Деновиве пред 10 години: протест на здружението “За нас се работи“ за аерозагадувањето во Битола
- Нова убедлива победа на одбојкарките на Пелистер Волеј во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Три финалиња за фамилијата Рустемовски од Битола на Балканското бокс првенство
- Раул Алонсо: посебен натпревар за мене, одушевен од навивачите, горд на играчите за борбата на теренРаул Алонсо: посебен натпревар за мене, одушевен од навивачите, горд на играчите за борбата на терен
- Во Битола променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Публиката не се израдува на прва победа во Битола во ЛШ, а и новиот тренер Алонсо, започна со реми (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер не погоди во последниот напад за победа над Фредериција во Битола (фотогалерија)