Низ разговори со д-р Васил Чипуровски информираме и даваме стручни совети за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне за перикард и перикардитис, за што вели:
-Перикардот е обвивка на срцето која се состои од два листа висцерален и париетален помеѓу кои има до 50 мл течност ултрафилтрат на плазма и клетки кој спречува триење. Перикардот има повеќе функции за срцето фиксирачка за срцето преку лигаменти за стернум, рбет, заштитна функција од ширење инфекции и трауми, ја ограничува акутната дилатацијана срцето, хидростатска со спречување на влијание на гравитација врз циркулација во срцето.
Причините за перикардитис -воспалување на перикардот се од вируси бактерии, тумори, реуматоиден артритис СЛЕ, алергии, васкулити,
Перикардното триење се слуша аускултаторно и во систола и во дијастола и е груб звук на триење. ЕКГ наодот типичен за акутен перикардитис е конвексна елевација на СТ сегмент со негативни т бранови и депресија на СТ сегмент во дадени одводи. РТГ на срце можи да даде зголемена срцева силуета во случаи на срцева тампонада со масовно берење на течност во перикардот, кај инфективните перикардитис има скок на Се леукоцитоза, а кај алергиските еозинофилија.најзначајни во поставување на дијагнозата се Ехокардиографија со ЕКГ, и типичната градната болка и перикардијалното триење, во ретки случаи на асимптоматски пациенти и отсуство на перикардијално триење доволни за дијагноза се ехо наодот и ЕКГ наодот.
Диференцијално дијагностички треба да се прави разлика од пнеумонија, дисекција на аорта,ангина пекторис и инфаркт. Терапијата е етиолошка спрема причината за перикардитис а во случаи каде неможи да се докажи антиинфламаторно -НСАИС Аспирин, ибубруфен поретко кортикостероиди, во случај на срцева тампонада која е животозагрозувачка состојба поради нагло собирање на течност со зголемување на интраперикардијалните притисоци кој се изедначува со притисокот на полнење на десен атриум, десен вентрикул мора да се направи перикардиоцентеза за отстранување на вишокот течност, а при констриктивен перикардитис кој настанува поради фиброза и хронични инфламација бактериска, неоолазма или уремија се манифестира со гушење при напор, отоци по нозете, асцитес, зголемени југуларени вени, хепатомегалија, тахикардии.
Лекувањето е со хируршка ресекцијана на перикардот.