-Отворање на првиот салон уреден според концептот 100% твое во Македонија.
Прима Мебел е присутна на македонскиот пазар веќе 15 години, поточно од отворањето на првиот салон за мебел во Скопје. Оттогаш континуирано ги следи потребите и живониот стил на Македонците и соодветно развива модерен и висококквалитетен мебел за опремување на домот со сопствен дизајн и производство, но и стратешки го развива делувањето на пазарот.
Најновиот салон е дел од модерниот Bliss Mall & Retail Park во Битола на адреса Илинденска бб и се простира на површина од 1.300 квадратни метри. Салонот се наоѓа на првиот кат од трговскиот центар, каде што ќе најдете широк асортиман на модерен мебел и украси за опремување на сите соби по пристапни цени.
Заеднпо со новоотворениот сало Прима има 8 салони за мебел во 5 градови во Македонија,секојдневно се труди модерниот, висококвалитетниот и удобниот мебел да биде достапен за жителите во секој дел од земјата. Скопје, Битола, Куманово, Кавадарци и Охрид се градовите во кои можете да го најдете мебелот на Прима за секоја соба од вашиот дом, викендица, стан или деловен простор.
Прима Мебел е дел од Групацијата Прима, која постои речиси 30 години. Од семејна компанија, Prima Group низ годините се разви во успешен деловен систем кој денес има речиси 70 салони, 6 фабрики и 2.500 вработени во земјите од регионот. На пазарот се етаблирани како производител кој на своите клиенти им гарантира најквалитетен и најсовремен мебел по најдобра цена, затоа модернизацијата на малопродажната мрежа во регионот беше логичен деловен потег.
Затоа Прима мебел решава да отвори нов салон во Битола, вториот по големина град во Македонија, град кој привлекува голем број луѓе и со тоа претставува голем потенцијал. Затоа Битола го доби најсовремениот салон за мебел во земјава.
Новоотворениот салон во Битола е посебен затоа што е првиот салон уреден според модерниот продажен концепт 100% твое, кој е дизајниран на европско ниво. На овој начин, Прима сака да им овозможи на клиентите лесно да создадат 100% сопствен стил со кој ќе можат да го опремат целиот свој дом. Со помош на продажните советници и понудените алатки, клиентите можат да изберат материјали и на тој начин да креираат сопствен ентериер со кој ќе бидат задоволни и горди.
Целта на Прима е да им понуди на клиентите модерни решенија за дизајн кои се уште поблиски до нивниот животен стил. Прима мебел сака на клиентите да им понуди искуство што ќе ги инспирира да уживаат во секој момент.
Новоотворениот салон се простира на површина од 1.300 метри квадратни и се наоѓа на првиот кат во трговскиот центар Блис во Битола. Задоволството на Прима мебел што стана дел од овој трговски центар е огромно, бидејќи се свесни дека тој ќе стане омилената дестинација за шопинг и релаксација за многу Македонци, исто како што Прима мебел со години е прва дестинација за многумина кога е во прашање купувањето мебел.
Салонот во Битола е уникатен бидејќи располага со Студио за кујни по мерка, каде што можете да ги испланирате сите детали за вашата нова кујна со стручњак од истото поле. Прима ве кани да ги истражите посебните карактеристики на новата колекција на кујни по мерка Прима за 2025/2026 година. кои се изложени во салонот и да го пронајдете оној кој најмногу одговара на вашиот дом. Ви нуди голем број на различни модели достапни во голем број композиции со модерни и практични кујнски елементи.
Покрај тоа, можете да го изберете материјалот и боите на фронтот и корпусот на вашата нова кујна, како и сите детали како рачки, стакло, осветлување, висина на плотна… Покрај најдобрата понуда на кујни на пазарот и флексибилните опции за персонализација, ќе добивате и услуги за испорака и монтажа.
Новоотворениот салон во Битола е најдобрата дестинација за да ја имате кујната од соништата! Во Блис, пронајдете ги најмодерните кујни, тие се создадени само за вас!
Прима мебел се издвојува од останатите со својата широка палета на мебел по мерка. Затоа новоотворениот салон има и Студио за вградени ормани, каде со нашите експерти за мебел по мерка можете внимателно да го испланирате вашиот вграден орман до последниот детал.
Во иновативниот асортиман на Прима ќе најдете три типа на вградени гардеробери – со ротирачки врати, лизгачки врати или walk-in ормани. Можете да изберете од широкиот избор на декор, бои и додатоци за да го организирате ентериерот со цел да создадете функционален и модерен простор прилагоден на вашите навики и стил. Ќе ве воодушеви големиот избор, најдобрата понуда на пазарот, различните опции за персонализација и вградените решенија кои го прават вашиот дом поубав и поуреден. Откријте го шармот на организација по ваша мерка во новоотворениот салон во Битола.
Салонот има и простор за 3D планирање, кој е замислен како место за соработка при креирањето дом во кој клиентите ќе можат да ги опипаат сите ткаенини, да ги почувствуваат сите текстури, да ги споредуваат боите и да избираат детали. На пример, таму можете да ги комбинирате елементите на модуларна гарнитура и да составите ваша спојка на гарнитура која одговара на вашите желби и потреби и совршено се вклопува во вашиот простор. Можете да го изберете типот и бојата на ткаенината, дизајнот и бојата на ногарките, дополнителните функции… Накратко, можете да го персонализирате го секој детал од вашата гарнитура, а истото важи и за секое друго парче мебел.
Доколку наскоро планирате да реновирате или да го опремите ентериерот, Прима ќе ве угости во своето студио за внатрешен дизајн. Во удобноста на модерно-дизајниранотостудио, со персонализиран и директен пристап, вештите дизајнери за ентериер на Примаќе можат да им се посветат на клиентите по пат на приватен состанок што можете да го закажете денес. Клиентите во салонот можат да очекуваат широк асортиман на модерен мебел и украси за опремување на сите соби од домот по пристапни цени.
Прима дизајнира мебел кој по својот изглед ги следи светските трендови и желбите на клиентите. Мебелот на Прима, со своето ниво на квалитет на материјал, функционалност и решенија, гради доверба и им овозможува на клиентите да го уредат најважното нешто, нивниот дом, целосно според нивните желби и по прифатлива цена.
Прима мебел се единствени на пазарот – тие се единствените што ви нудат можност да ги опремите сите соби од домот во ист стил, бои и материјали според ваша желбата, без разлика дали е тапациран или панелен мебел. Со модерниот мебел на Прима и атрактивните украси ќе создадете пријатен простор за живеење. Прима на клиентите им нуди можност за испорака и монтажа како и услуги за внатрешен дизајн, што создава нов изглед и ја комплетира приказната за комплетно опремување на домот. Прима на клиентите им нуди единствена можност да го украсат својот дом во ист стил со гаранција за квалитет на производот и навремена испорака.
Фото: Дамијана Ристевска






