Денес, вторник, 12 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Темпертурата во Битола до 8 степени.
Утре, среда, 13 ноември во Битола времето ќе биде претежно облачно, со повремени локални врнежи од дожд. По котлините ќе има услови за појава на магла. Темпертурата во Битола до 9 степени.