На раководна функција на Основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ Битола како ВД директор е назначена Драгана Кирковска, дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор и стручно лице од редот на вработените во институцијата.
Кирковска сСвоето четиригодишно средно образование го стекнува во општинското средно медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“ во Битола, а своето високо образование го завршува во 2011 година на Универзитетот ,, Св. Кирил и Методиј ” во Скопје на Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Подоцна ги продолжува своите магистерски студии на насоката за оштетување на слухот.
Работното искуство во Основното училиште со ресурсен центар ,, Кочо Рацин ” го започнува во 2012 година како специјален едукатор и рехабилитатор на воспитна група во дневниот престој каде престојуваа ученици со посебни потреби.