Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: “опел“ излета од патот за Бистрица, напад на полицаец, претрес во куќа – се барало оружје …

На 12.11.2024 во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат  Битола – Бистрица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од село Канино, битолско и товарно возило  „ман“ со скопски регистарски ознаки, 53 годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 12.11.2024 во 22.20 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Димитар Илиевски Мурато” во Битола лишиле од слобода 28 годишникод Битола, кој бил со патничко моторно возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, поради тоа што физички нападнал полициски службеник. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.11.2024 полициски службеници од СВР Битола по претходно добиена наредба за претрес од Основен суд Битола, извршиле претрес во Битола во дом сопственост на 35 годишник  од Битола. При претресот биле пронајдени и одземени една дозвола за оружје, 91 патрони за ловна пушка, 39 куршуми различен калибар, топовски удар,  делови за оружје, како и различни предмети кои потекнуваат од извршени кривични  дела. Лицето било приведен во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 12.11.2024 во 21.15 чaсот во СВР Битола Б.С. (24) од Битола пријавил дека на ул. „Славко Лумбарко”  бил физички нападнат од едно лице . Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 12.11.2024 во 13.00 часот во СВР Битола П.Р.(71) од с.Буково,битолско пријавил дека на ул. „Крушевска република” во Битола  бил каснат од куче скитник.