Press "Enter" to skip to content

Положено цвеќе на Спомен плочата на Народен тетатар Битола (фото)

Вработените од Народниот театар Битола денес положија цвеќе на Спомен плочата на Народен театар Битола која се наоѓа на плоштадо “Гоце Делчев“ во Битола, на местото каде се наоѓаше стариот тетар кој е срушен.Цвеќе положи директорот на Народниот театар Битола – Васко Мавровски заедно со актери од сите генерации, и дел од административниот кадар.-Полагање цвеќе по повод 80 години Народен театар Битола, односно на денот кога е изведбата на првата претстава на македонски јазик на 14 ноември 1944 година, датум кој се смета за телем на Народниот театар Битола. Ова е повод да ги споменеме и дел од актерите кои тогаш учествувале во таа претстава Димче и Ацо Стефановски кои се основоположници на овој театар, а еве веќе 80 години го славиме овој ден, како роденден на театарот, рече директорот Васко Мавровски.Мавровски ја искористи приликата да упати порака до сегашниот ансамбл на театарот и оние кои ќе доаѓаат:-Имаме тешка задача треба да ги следиме идеите, страста и љубовта кон театарот кој што тие луѓе пред нас ја имале. На грбот носиме големо бреме и мора да ја оправдаме титулата дела сме еден од најдобрите театри во Македонија.

Текст и фото: С.Ристевски