По повод 80-години од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола денес го организираа традиционалното полагање свежо цвеќе на спомен-плочата на чешмата до Против-пожарната станица во општина Битола.За формирањето на Првата Егејска Македонска Ударна Бригада, зборуваше Александар Јаневски, претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Битола кој пред присутните побара, поради сите жртви и мртви за слободата на Македонија, од ова свето место и на овој ден, итно и безусловно еднострано раскинување на договорите со Грција и Бугарија и продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државно име Македонија и додаде:
-Денес одбележуваме 80 години од формирањето на Првата Егејска Mакедонска Ударна Бригада. На 18 ноември 1944 година на ова место, пред Пожарната во Битола, од Леринско-Костурската Народно-Ослободителна Бригада, Воденскиот Македонски Баталјон и дел од Бригадата “Гоце Делчев“ беше формирана Првата народно-ослободителна ударна бригада од Егејскиот дел на Македонија, која влезе во составот на Народно-ослободителната војска и партизанските одреди на Македонија!
Покрај градоначалникот присутни беа пратеничките во македонскиот парламент Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, претставници на Советот на општината, здруженија на граѓани, политичките партии и други гости.
Првата Егејска Македонска Ударна Бригада, која е формирана на 18 ноември 1944 година во Битола.
Покровител на традиционалното чествување за вечен помен и спомен на Првата Егејска Македонска ударна бригада во Македонија е градоначалникот на општина Битола.

Одбележани 80 години од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Митко Стојковски не е повеќе претседател на ФК Пелистер
- Свечено отворен 26. интернационален фестивал на монодрама јубилејен во Центар за култура Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со победа над Охрид во Битола влегува во завршницата на сезоната (фотогалерија)
- Пелистер поразен во Битола од Беса во последното коло, сезоната ја заврши на 6. место (фотогалерија)Пелистер поразен во Битола од Беса во последното коло, сезоната ја заврши на 6. место (фотогалерија)
- Ќани и Кире за утрешното “Ф4“ во пионерска конкуренција во Битола, посакуваме финале