Press "Enter" to skip to content

Едночинката, сега во три дела, “Горе Мaгаревски“ за 80 години Народен театар Битола наградена со голем аплауз (фотогалерија)

Во далечната 1944 година, само 10 денови по ослободувањето на Битола на 4-ти ноември, се изведе претставата “Ѓоре Магаревски“ или “Петтоимениот Ѓоре“ од Владо Малески, во режија на Димче Стефановски, која е историско дело и е првата претстава на македонски јазик и е еден од темелите на драматургијата во нашата земја…Ако првата претстава во Битола, на 14 ноември во 1944 година ја играле Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев, Јован Бејко, синоќа по 80 години на сцената на Народниот театар во Битола повторно се изведе едночинката “Ѓоре Магаревски“, но сега по осум децении во изведба на најголем дел од ансамблот на театарот, актери од сите генерации, вклучувајќи ги и пензионираните, режирана од тројца режисери, вработени во театарот.Тројцата битолски режисери, Благој Мицевски, Софија Ристевска-Петрушева и Јован Ристовски, одговорија на задачата која им ја даде в.д. директорот Васко Мавровски и неговиот тим, и ја подготвија роденденска претстава за 80-годишнината на Народниот театар од Битола, како оддлолжување на делото на претходниците и “награда“ за битолчани кои се љубители на театарот.И оваа претстава, исто како и пред 80 години се зборуваше за прашањата кои се уште ги мачат македонците, предавството, поткупливоста – митото, превртливоста, но и едно актуелно прашање идентитетот.Во претставата, преку главниот лик Ѓоре Магарески е прикажано дека идентитетот се продавал за пари, а тоа Ѓоре го прави преку менување на името и презимето. Горе Магарески, измислениот лик, во српско време станувал Џорџе Магаревич, во бугарска окупација бил Георги Магарев, во италијанската окупација бил Џорџо Азанини, а на албански Георг Омали.Горе во слободна Македонија, по ослободувањето се нарекува Ѓорѓе Магарески, но за тоа не му “поминало“ и ја добил заслужената казна.Едночинката “Горе Магарески“ на оваа денешна премиера имаше три кратки едночинки, секој режисер го имаше својот дел, како комедија која успеа битолчани да ги насмее, иако во суштина темата е сериозна, продавање на идентитетот, во некои поранешни, а не така дамнешни времиња, се до денес.

Во три кратки едночинки улогата на Ѓоре ја играат комичарите од НТБ, Марјан Ѓоргиевски кај режисерот Благој Мицевски, Александар Димитровски кај Софија Ристевска, и Никола Пројчевски кај Јован Ристовски.На крај со голем аплауз битолската публија ја награди оваа одлична изведба, која беше рекордно распродадена, а во Битола, на Широк Сокак повторно се зборуваше и се бараше карта повеќе за премиерата.Низ педесетина форографии на Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска ви пренесуваме дел од изведбата на сцената на НТБ.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »