Press "Enter" to skip to content

НТ Битола им доделени плакети на пезнионираните, тие “не издржаа“ на сцена, се расплаќаа, им се вратија спомените, беа повторно горди што биле дел од НТБ (фотогалерија)

-Господ да му даде здравје на Васко, само тој не има собрано вака, да се видиме, да се сетиме на Театарот…

-Ќе одиме во Офицерски? Да не е касно…

-Ќе одиме, како не ќе одиме, три пати од Театар ми се јавија, а и Васко ми се јави, ќе одиме, срамота е на толку канење да не одиме…

Ваква беше комуникацијата на најголем дел од пензионираните вработени во Народен театар Битола, откако се видоа, се прегрнаа и се сместија на најубавите места за публика, во салата каде е големата сцена, каде тие, како рекоа, оставиле и по 40 години од животот.Прво со малку страв, со трема, а потоа со задоволство кое се читаше од нивните лица, излегоа на сцената и ги примија плакетите на кои стои фотографијата на старата, срушена, зграда на Народниот театар во Битола.Сцената се наполни со оние кои најмногу ја заслужија, кога се одбележуваа 80 годинии од формирањето на Народниот театар Битола, луѓето кои, некои и по 40 години дале огромно работно залагање овој театар да биде тоа што е денес.Како што директорот на Народен театар Битола, Васко Мавровски ги читаше имињата на пезнионерите кои работеле тука, така излегуваа, а аплаузот наменет за нив се зголемуваше.На сцената се појавија битолчани, наши пријатели, наши соседи, наши другари… за кои можеме да кажеме дека ставиле голема трага во Тетарот. Тука беа режисери, актери, од организација, сценски работници, светло и тон мајстори, сценографи, кројачи, шминкери…На сцената, како никогаш заедно до сега ги видовме, актерот Петар Мирчевски, режисерот Љупчо Геогиевски – Бубе, актерките Соња Михајлова и Менка Бојаџиева, актерот Слободан Степановски, Ана Бегајовска од организација, Илија Димовски – светло мајстор, Аднан Алитовски – сценски работник, Дилбера Атанасова – шминкер, Димче Спасовски – светло мајстор, Ицко Бојаџиев – тон мајстор, Даница Павловска – благајник, Мимоза Бакиевска – правник, Стевче Мицевски – шофер, Јоланда Давковска – организација, Ели – гардеробер, Веле Велјановски – сценски работник, Драган Ангелковиќ – сценограф, Маријан – дограмаџија, Злате – шнајдер…-Доделивме плакети на 36 пензиинирани вработени, кои својот работен век го поминале целосно и некој и дел од работниот стаж. Како што видовме на сцената изгегоа скоро сите, што мене ни претставува големо задоволство. Претходно со секој поразговаравме, им упатив порака да бидат дел од нас, на прославата за големиот јубилеј, 80 години од формирањето. Некои од нив остануваат активни и се уште работат со нас. Се надеваме дека овие плакети, кои им ги подаривме, ќе најдат место во нивните домови, и секогаш кога ќе ги погледнат ќе се сеќаваат на времето поминато во Театарот, а и ќе им раскажат по некоја “приказна“ на нивните внуци, ќе им дадат поттик и тие да го сакаат театарот, рече исто така емотивен, по завршувањето на прославата, Васко Мавровски, сегашен директор на НТБ.А, на сцената се случија многу емиции, многу ракувања, многу прегратки, па и солзи радосници, а големиот аплауз кој “дојде“ од публиката ги разнежи сите, а аплаузот, заслужен, траеше неколку минути.-Не знам ни како се качив, ни како слегов од сцената. Многу се возбудив, ми дојдоа солзи, се расплакав. Јас и сите ние доживеавме најпријатно нешто, тука пред преполна сала, како што секогаш посакуваме сите да биде во театарот, добивме посебна чест. Им благодарите на сите во Театар за ова што ни го приредија, а ќе го го пометиме засекогаш, ни рече Ана Бегајовска, кој се уште имаше солзи во очите откако се врати во публиката.-Ни се направи голема чест на сите кои сме сега во пензија, некои кои цел работен век до пензија го поминаа тука, а некои како јас, имавме претходно други ангажмани, но и јас скоро цел работен век го поминав в театар. Имаме сите одлични спомени, успешни премиери, гостувања низ сите континенти, награди, признанија… но доделување на плакетите пред полна сала, на денот на роденденот на театарот кој слави 80 години, за нас е најголема чест. Ја добивме најголемата награда, тука, дома, во театарот, ни рече Илија Димовски, кој повеќе од три децении ја “осветлуваше“ сцената и актерите, како светло мајстор. 

Сашо Ристевски

Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »