Press "Enter" to skip to content

Ресторан “Вила Виста“ место за уживање во единствениот поглед кон Битола

Ресторанот “Вила Виста“ ви ја предлага, терасата како оптимално место за уживање со вкусна храна, ладни пијалоци, кафе… на чист воздух и идеален поглед. Терасата на “Вила Виста“ е позната како место од каде во секое годишно време, и може да се восхитувате на погледот кој се пружа на околната природа. Но, сега кога, додека седите на терасата погледот кој допира до Битола, преку Пелагонија, до Кајмакчалам ви дава посебно чувство како да лебдите. Обновена, со нов мебел, украсена со многу цвеќиња, идеална во пролетните денови, преку ден каде можете да дишете чист воздух. А ноќите се наменети за романтични вечери со поглед кон Битола и светлата во ноќта. Ресторанот и пицерија “Вила Виста“ се наоѓа на околу 15-тина минути од Битола над Дихово, на патот кон Нижеполе.  Со својата местоположба во подножјето на Баба планина “Вила Виста“ го има најдобриот поглед, кој  се протега од потпелистерието, преку Битола се до Кајмакчалан.