Сфера интернешнал е дел од проектот ECHO Academies.ECHO Academies (ECHOAc) е 24-месечен (1 јануари 2023 – 31 декември 2024) уметнички проект кој има за цел да поттикне млади и нови европски таленти во областа на стрипот (во Грција-ГР), моден дизајн (во Бугарија-БУ), музика (во Северна Македонија-МК), фотографија и архитектура (во Унгарија-ХУ) со користење на наследството (Куклен театар на сенки Карагиозис-ГР, традиционални фолклорни носии од регионот Родопи-БУ, Ритуални песни-МК и Урбано индустриско наследство на Будимпешта 1860-1960-HU) како средство и инспирација за нивната работа.Проектот е поддржан од европската унија.Академијата во Битола се фокусираше на ритуалните песни од битолскиот регион, кои им служеа како инспирација на музичарите за создавање музика. Уметниците имаа можност да истражуваат, да посетат музички историчари, да присуствуваат на настани со традиционална музика и да се сретнат со други музичари од Битола и регионот.Тројцата победници од академијата успешно ги изработија своите пилот проекти. Прво место го освој Никола Андрејич од Србија,второто место го освој Карлос Хуртадо Мунера од Германија и третото место го освој Емил Ејупи од Северна Македонија.Првиот проект е изработен од Никола Андрејич.Проектот „Ethno! Again!” беше работилница насочена кон учење на млади уметници на техники за анимација користејќи етнички елементи, следејќи ја стратегијата „Тренирај ги тренерите“.Никола Андрејич во соработка со Tomato Tomato Communications (TTC) која ја управуваше логистиката, овозможувајќи му на лидерот на проектот да се фокусира на креативноста. Работилницата, која се одржа во Мокра Гора, Дрвенград, вклучуваше деловни часови од TTC и можности за вмрежување, вклучително и музичка изведба за „100 Women Winery“. Учесниците ја истражуваа анимацијата низ различни аспекти—маркетинг, дизајн и уметност—прилагодени на нивните интереси.Вториот проект е изработен од Карлос Хуртадо Мунера.„Последната песна на Марија“ опишува виртуелно реално (VR) искуство создадено од Карлос Хуртадо Мунера во соработка со Production TimeLeapVR, и поддршка од Сфера Интернешнал. Виртуелното искуството ја следи приказната на Марија, жена која повторно ги посетува клучните моменти од нејзиниот живот во Битола, Северна Македонија, преку 360° видео сцени на локални знаменитости. Овие сцени претставуваат значајни спомени, како времето поминато со саканите и размислувањата за нејзиниот живот. Искуството има за цел да ја истражи културната традиција преку имерзивна технологија, истакнувајќи го потенцијалот на VR во зачувување и споделување на приказни.Можете да го искусите ова виртуелното искуството на следниот линк: https://youtu.be/gtf3aNOIMbg?si=sNNTuUwBSpNUlaxzТретиот проект е изработен од Емил Ејупи. Организиран е фолклорен концерт во соработка со ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ на 26 септември 2024 година во Гостивар, Северна Македонија поддржан од СФЕРА Интернешнал. Настанот ја промовираше македонската култура преку традиционални танци и песни. Настанот вклучуваше осум музичари, двајца солисти и повеќе од 30 млади танчери. Програмата опфаќаше народни танци, инструментални композиции и соло вокални изведби. Присуствуваа околу 150 посетители од сите возрасти кои уживаа во концертот.
“Сфера интернешнал“ дел од уметничкиот проект “ECHO Academies.ECHO Academies“ (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Битолските сили на искуство и убавина на една локација во “Боди М“
- Интернистичката ординација во болница “Плодност“ со врвен медицински тим
- “CALM Street CAFFE“ со посебен и уникатен амбиент, нетипичен за нашите простори (фото)
- “Black Friday“ – обуки со 25% попуст во “Јавен Адвертајзинг“
- Јубилеј за паметење: 80 години Народен театар Битола со поддршка од бизнис секторот