Тројца битолски боксери членови на боксерскиот клуб Пелистерски јунак од Битола се дел од македонската боксреска репрезентација, кои боксоваат на Балканското боксерско првенство, кое се одржува во Лозница, Србија.
Во младинска конкуренција, до 54 килограми, Ардијан Рустемовски на поени 4:1 го победи Стивен Џиџи од Албанија во полуфиналето. Ардијан Рустемовски во финалето за противник ќе го има Максим Зименко од Украина, а финалето е закажано за 22 ноември.
Денес ќе настапат уште двајца боксери од Битола во полифинале во сениорска конкуренција.
Во категорија до 57 кг Ален Рустемовски ќе боксова прптив Михајло Џекиќ (БиХ), а во категорија до 60 кг Ружди Рустемовски ќе боксова против Русијан Шилов од Украина.