Press "Enter" to skip to content

Алонсо: ќе го водам тимот само по неколку тренинзи во Битола, одбраната ќе биде клучна вечерва

Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, само пред шест дена пристигна во Битола, а вечерва  ќе го има европското деби во Лигата на шампиони, против тимот на Фредериција.

Шпанецот на официјалната прес-конференција се обрати пред натпреварот со Фредериција, повика на претпазливост и нагласи дека немал премногу време за подготовка на средбата.

-Секој натпревар е различен посебно кога играте во Лигата на шампионите. Играчите во ова натпреварување брзо се адаптираат на новите ситуации. Фредериција е тим кој порасна во последните две сезони и беше компетитивна во данското првенство. Го имаат Гудмундур Гудмунсон, кој е еден од најдобрите светски тренери и човек кој има големо искуство. Ќе биде тешко да се игра против нив, иако победивме на гостински терен. Ова е нов натпревар и нова ситуација, имаат квалитетни дански ракометари и агресивна одбрана и додаде:

-Што се однесува до подготовката, го немав потребното време. Со неколку три тренинзи заедно со тимот ќе влеземе во натпреварот и ќе биде натпревар со голем влог. Ќе го следиме нашиот план и растот од претходниот натпревар. Многу е важно да имаме солидна одбрана и многу интервенции на голманите. Да бидеме организирани во одбраната и тоа да ни биде појдовна точка за добар позиционен напад и транзиција. Тоа е сепак натпревар од Лигата на шампионите и ќе решаваат мали детали.

Средбата меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција се игра денес во терминот од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »