Press "Enter" to skip to content

Иванчо Тошевски в.д. директор на националниот парк “Пелистер“

Со одлука на Владата за прв човек на националниот парк “Пелистер“ Битола именуван е Иванчо Тошевски, кој ќе ја извршува функција в.д. директор. 

Тошевски е поранешен претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола , а беше и координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и советник од ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Битола од 2017 до 2021 година, а сега е секретар на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола.

Тошевски во јавноста е познат како голем вљубеник во планината, планинар и во велосипедизмот. Организатор е на традиционалниот настан со симболично име „Први на први”, кога вљубениците во планината секоја година на 1 јануари имаат можност да го доживеат првото изгрејсонце во Новата Година на највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер.

Тошевски е претседател на велосипедската федерација на Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »