Press "Enter" to skip to content

“Спортска администрација и спортски менаџмент“ работилница на УКЛО Битола (фото)

Во организација на Спортскиот универзитетски сојуз на УКЛО Битола денеска за студентите и академскиот кадар на Универзитетот се одржа работилница за „Спортска администрација и спортски менаџмент“ на која предавачи беа претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димески и генералниот секретар на Комитетот, проф. д-р Сашо Поповски.Се работи за меѓународна обука која се практикува секаде во светот, со која се добиваат минимум квантум на знаења кои пак се предуслов да се оди понатаму во делот на спортската администрација и спортскиот менаџмент.Работилницата ја отвори проректорката за студенстки работи на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, која запознавајќи ги присутните со СУС, истакна:-Неодaмна го формиравме на Универзитетот, со здружени сили на неколку заинтересирани соосновачи Спортскиот универзитетски сојуз, со една единствена цел на нашите студенти да им овозможиме уште повисок и подобар стандарт во делот на спортот, спортската рекреација и спортската култура.Претседателот на МОК Даниел Димески обраќајќи им се на присутните рече:

-Учесниците на оваа работилница имаат можност да дознаат што се нуди Олимпискиот комитет, но и добри начини на деловни практики, како на примеркако да го организираaт клубот, како полесно да пристапат до фондови, не само локални туку и интернационални, Еразмус плус проекти и сето тоа што се вика наука, што ќе им биде од полза во напредувањето на нивната работа. Исто така, ќе ги запознаеме како да го користат спортскиот арбитражен суд, како да ги практикуваат во својата работа добрите антидопинг практики. Има и дел за отворени прашања и дебата за сите теми кои учесниците сметат дека се интересни, а кои што ние ќе имаме задоволство да ги споделиме со спортските работници, наши колеги тука во Битола, Николче Костовски, раководител на секторот за спорт и спортска рекреација на СУС рече:-Со посетата на оваа работилница учесниците добиваат меѓународен сертификат кој им овозможува развивање на алтернативна кариера. Можноста за неговото користење е во насока на вработување во различни спортски организацији, бидејќи со најавените измени во Законот за спорт и генерално во законодавството во Македонија, неопходно ке биде последувањето на ваков или сличен сертификат за работење во спортска организација.Работилницата за „Спортска администрација и спортски менаџмент“ е првата од серијата настани и активности планирани во програмата на СУС на УКЛО.

More from ВестиMore posts in Вести »