Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер не погоди во последниот напад за победа над Фредериција во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Фредериција 29:29 

По првата победа во претходното коло, Еурофарм Пелистер вечерва го освои четвртиот бод во Лигата на шампионите одигрувајќи реми 29:29 во Битола против данска Фредериција. Ракометарите на Еурофарм Пелистер прикажаа голема борба, се играше на победа до завршните секунди, а во таа драма во завршницата двете екипи имаа прилика за победа. Но битолчани можат повеќе да жалат бидејќи не искористија два напади за победа во последната минута.Натпреварот започна со водство на гостите, 0:1, па 1:2, и реми 2:2. Фредериција имаше и 2:4, но “пелистерци“, а потоа данците одржуваа предноста. Данците во вториот дел на првото полувреме наоравија и +4 (10:14). “Пелистерци“ пред одморот со голот на Радивојевиќ намалија на 13:16, за крај на првото полувреме.И вториот дел започна со +2 за гостите (15:17), но Еурофарм Пелистер се доблиѓи на 19:20. Радивојевиќ погоди за израмнување по долго време (22:22). Со голот на Кузмановски “пелистерци“ за првпат поведоа (24:23). Одбранија “пелистерци“ клучен напад на влезот во последните четири минути и напаѓаа за „плус два“, но се вратија на реми (28:28). Фредериција поведе со 28:29, а тоа беше знак за тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо за последен тајм-аут. Се случи пенал над Хосни, кој Манасков го претвори во гол за 29:29. Се одбранија битолчани и во последната минута влегоа со шанса за победа. Пелистер не погоди за гол, а Радивојевиќ фати одбиена топка, но Борзаш биеше само во блокот.Најефикасен играч кај Пелистер Богдан Радивојевиќ со седум гола, Филип Кузмановски погоди пет пати, четири Тајник, а по три Пешевски, Хосни и Атанасијевиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »