Press "Enter" to skip to content

Раул Алонсо: посебен натпревар за мене, одушевен од навивачите, горд на играчите за борбата на терен

Синоќа во Битола , во рамките на 8. коло од Лигата на шампионите, екипата на Еурофарм Пелистер, одигра нерешено со екипата на Фредериција од Данска, а новиот тренер Раул Алонсо може да жали, бидејќи можеше да старува со победа, откако не беа реализирани  двата напади во последната минута.

На официјалната пред конференција во шпанскиот стратег Алонсо рече:

-Ова беше посебен натпревар за мене. Фактот дека имавме краток период да се подготвиме против ваков ривал беше најголем проблем. Одушевен сум од дочекот на навивачите, а горд на играчите за оваа борба на теренот. Не се откажавме, тргнавме мирно на стартот и бркавме негатива. Можеби првиот дел не беше најдобар. Во продолжението знаевме дека ќе се вратиме со помош на публиката. Имавме доста шанси да го добиеме мечот. На крајот мислам дека ако не ги искористите шансите, не заслужуате да победите, па бодот е добар. За мене како тренер е добро бидејќи имаме доста простор за напредок, иако ми е жал ми е што не победивме. Сега имаме малку време за подготовка на следниот лигашки меч, а потоа ни следи гостувањето кај Веспрем. Се надевам на добро здравје во следниот период.

Пелистерци имаат четири бода во елитното натпреварување и се шестопласирани. Во следното коло македонскиот првак го очекува тешко гостување кај Веспрем.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »