Квалитетот на боксерите од боксерскиот клуб Пелистерски јунак се потврдува на секој турнир во домашното првенство, и на секое меѓународно натреварување, а последната потврда на тоа дојде од Србија, на Балканското првенство во бокс во Лозница.
Тројцата боксери од познатата боксерска фамилијата Рустемовски од Битола обезбеди три финалиња за Македонија на Балканското првенство во бокс во Србија.
По пласманот во финалето во младинска конкуренција, до 54 килограми, Ардијан Рустемовски, пласман остварија и сениорите Ален и Ружди Рустемовски кои победија во маестрални борби.
Ален Рустемовски славеше со прекин во втората ринда против Михајло Џекиќ од Босна и Херцеговина.
Ружди Рустемовски го победи Украинецот Русијан Шилов со едногласна судиска одлука 5:0. Ружди одлично избоксира, притоа го натера Шилов да ја прифати неговата борба, па со отворен гард го мамеше и му задаваше прецизни удари.
Ова е еден од најголемите успеси на балканските првенства во поновата македонска бокс историја.