Press "Enter" to skip to content

“Доручек на розевата панделка“ хуманитарна акција по 14. пат, во Сиднеј, Австралија (фотогалерија)

Октомври е месец посветен за подигање на свеста за рак на дојката. На многу места се организираат хуманитарни акции за собирање на финансиски средства за “Mcgrath“ фондацијата која се грижи да им помогне на жени кои страдаат од оваа опака болест во руралните подрачја на федералната држава Нов Јужен Велс и цела Австралија.Во неделата на 20 октомври оваа 2024 година, иако најпрвин беше договорено оваа традиционална акција да се организира како секоја година во просториите на културно образовниот центар “Илинден“ веднаш до црквата „Св. Петка“ во Сиднејскиот кварт Рокдајл  после  богослужбата, а организаторите  (женската секција) предвреме си ја украсува  салата  за престојната манифестација.Но, бидејки овој пат дојде до поместуванје, поради голем број на заинтересирани, односно до организирање на манифестацијата во поголема сала, во  клупските простории на фудбалскиот клуб Илинден  како би присуствувале сите заинтересирани жени.

Оваа традиционална  манифестација се одржа по 14. пат, а во просториите на фудбалскиот клуб Илинден, се организираше за прв пат, каде беа продадени 500 влезници.Но, бидејки во истата сала саботата вечерта друштвото на нашите сонародници од Прилеп и околината одржуваа своја прослава, жените од црковната општина “Св. Петка“ не беа во состојба да ги завршат подготовките и беа приморани во неделата утрото уште во пет часот да почнат со уредување на салата за дочек на големиот број на присутни.Редно е да се спомнат барем оние кои дадоа поголема помош: Жаклина Трајкова, Хелен Стојановска, Барбара Тасевска, Џенефа Белевска, Јованка Ризовска, Драгица Митреска, Лена Канатларова, Драга Нечова, Ленче Крлевска, Даница Балова, Дана Веловска, Маре Димовска, Добрица Бубевски, Славица Марцевска, Виолета Ацевска, како Лена и Петар, Каролина, Кети, Тина, Алексија, Стефанија, Елизабет, Анастасија и Милена, Зора Сазданова, Дина Маркова, Зора Миленкоска се дел од женската група. Исто така помогнаа и Љупчо Ангелески, Бале Ризоски, Миле Марцевски, Кире Трајковски, Кире Циревски, Илија Ацевски, Лупчо Димитров и други.Програмата ја отвори секретарот Петар Котевиќ, кој ги поздрави присутните им посака убав помин. Како и минатите години, и овој пат присутна беше доктор Су Веловски со нејзината колешка кои се трудеа да објаснат што се може најлесно за присутните да разберат за ракот на дојките и посветат повеќе внимание кон своето здравје.Д-р Веловска иако е родена овде се обидуваше да објасни и на македонски јазик за што беше наградувана со аплаузи. На присутните им се обрати и Жаклина Трајковска која цело време ја водеше програмата. Повеќето од жените имаа спремано храна која ја донесоа, а од спонзорите Јован и Ружа Зариќ кои не беа во состојба да присуствуваат донираа 1000 долари со кои беа купени мазници, а додека Лена фризерката донираше 30 пакување вода – 720 шишиња, како и голема благодарност на сите спонзори.Како што беа донесени дополнително маси и столици од црквата истите беа вратени назад, за кое сите кои помогнаа заслужуваат големо браво.

Славица Марцевска

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »