Press "Enter" to skip to content

“Балкан мјузик проџект“ за затворање на 16. фестивал “Музика од светот“ (фотогалерија)

Синоќа во Офицерски дом во Битола беше затворен 16. фестивал на Музика од светот кој го организира Центарот за култура од Битола. Се одржуваше четири дена, а Битола уште еднаш ќе биде домаќин на уникатна музичка приказна што ги зближува звуците и емоциите на светот.Фестивалот са одржа од 28 ноември до 1 декември и ќе донесе уникатни настапи кои ја слават различноста и богатството на музиката од целиот свет.Завршната вечер, на 1 декември, беше резервирана за Балкан мјузик проџект, настап на Дувачки квинтет Македонија и Дувачки квинтет на Белградската филхармонија.Овие реномирани изведувачи на публиката во Битола им претставија  дела инспирирани од балканската музичка традиција.-Овој фестивал е повеќе од музичка манифестација – тој е место каде што културите се спојуваат и се создава заедничка хармонија. Годинешната програма е внимателно креирана за да понуди патување низ различни жанрови и традиции, пренесувајќи ги универзалните емоции преку звукот, изјави Андоновска Илијевски.Првата вечер беше резервирана за „Волкот на љубовта,“ поетско-музички перформанс на Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски. Втората вечер настапи Камерниот оркестар со програмата „Етно симфонија,“ во која учествуваат Сузана Спасовска (вокал), Благојче Трајковски (кларинет) и Петар Горко (актер). На 30 ноември битолчани го слушаа Маноло Гименез, легендарниот глас на Gipsy Kings, со својот бенд.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »