Центарот за култура Битола ќе организира Денови на македонски балет, на кои битолчани кои се љубители на балетот ќе имаат можност да уживате во две врвни изведби кои го спојуваат светскиот квалитет со македонската сцена.
Балетот “Дамата со камелии“ ќе биде изведен, петок, 6 декември, во 20 часот, а публиката ќе има ретка прилика да гледа величествена приказна за љубов и трагедија, инспирирана од романот на Александар Дима, со музика на Џузепе Верди. Во главните улоги ќе играат Маргарита: Марија Кичевска Шокаровска и Арманд: Франциско Химензер Руиз од Шпанија.
Балетот “Кармина Бурана“ ќе се изведе, сабота, 7 декември, а публиката ќе гледа енергично и моќно музичко дело на Карл Орф, оживеано преку кореографијата на Кан Арслан и настапите на балетските солисти и ансамблот на Националната опера и балет.
Цената на билетот е 200 денари.