Press "Enter" to skip to content

10 години “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола – 10 години посветеност на вработените и лојалност на клиентите

-Нашиот тим е нашата моќ, а задоволството и лојалноста на клиентите се наш поттик и инспирација, велат од компанијата.

Заокружувајќи ја десеттата година од основањето, овој 4-ти декември најголемото брокерско друштво во секторот на осигурувањето во земјата, “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола, заокружува уште една успешна година во процесот на постојан раст и развој.-Денес, на 4-ти декември, одбележуваме 10 години “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола, 10 години заедно со Вас! Да ни се множат годините, работата, партнерствата, пријателствата и успесите! Нашата приказна е спој на посветеноста на нашите вработени и лојалноста на нашите осигуреници. Ова е повод и до едните и до другите да упатиме искрена благодарност и да си посакаме уште долги години успешна соработка, соопштија денес од компанијата по повод јубилејот.Континуираното вложување во професионален кадар и испорачувањето на врвна услуга за клиентите се основните постулати на нашето работење, на што ќе останеме посветени и во идната деценија. Нашиот тим е нашата моќ, а задоволството и лојалноста на клиентите се наш поттик и инспирација. Заедно чекориме кон нови успеси, велат од компанијата.