Press "Enter" to skip to content

Денови на македонски балет во Битола на програмата “Дамата со камелии“ и “Кармина Бурана“ (фотогалерија)

Центарот за култура Битола организира Денови на македонски балет, на кои битолчани кои се љубители на балетот имаат можност да уживаат во две врвни изведби кои го спојуваат светскиот квалитет со македонската сцена.Прв беше балетот “Дамата со камелии“ публиката ќе има ретка прилика да гледа величествена приказна за љубов и трагедија, инспирирана од романот на Александар Дима, со музика на Џузепе Верди.Во главните улоги ќе играат Маргарита: Марија Кичевска Шокаровска и Арманд: Франциско Химензер Руиз од Шпанија.Балетот “Кармина Бурана“ се изведе вчера, а публиката имаше ретка прилика да гледа енергично и моќно музичко дело на Карл Орф, оживеано преку кореографијата на Кан Арслан.

Фото: Дамијана Ристевска

Настапија балетските солисти и ансамблот на Националната опера и балет.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »