Press "Enter" to skip to content

Влезниците за вечното дерби Еурофарм Пелистер – Вардар ќе се продаваат од среда

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од среда ќе започне со продажбата на билетите за натпреварот со вечното дерби на макед0нскиот ракомет Еурофарм Пелистер  – Вардар 1961.Според интересот на битолчани за дербото, спортската сала во Битола, “Боро Чурлевски“ сигурно ќе биде претесна да ги собере сите љубители на ракометот кои ќе сакаат да го бодрат тимот до победа.

На првата пресметка во Скопје победи Вардар со 27:24.

Натпреварот меѓу двата најголеми ривали е закажан за 14 декември, а стартот на продажбата на влезниците ќе биде во 12:00 часот, а ќе се продаваат на продажни места:

https://kartieurofarm.mk/ ДИМПО Тобако, @uchilnicaspecialtycoffee и STravel.
 
Натпреварот Еурофарм Пелистер – Вардар ќе се игра во рамките  од 15. коло од Супер лигата.