Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: типични начини на комуникација со кои луѓето создаваат негативна слика за себе и светот

Од луѓето добивате она што им го давате. Тоа се вика принцип на реципроцитет. Стилот, начинот и нивото кое го користите во комуникацијата со луѓето, ја одредува нивната реакција спрема вас. Таа реакција ќе го потврди вашето доживување на светот (Небојша Јовановиќ психотерапевт). Еве некои примери на типични начини на кои луѓето создаваат негативна слика за себе и светот и ги потврдуваат низ типични облици на комуникација.

Жртви

Ќе ги препознаете најлесно по тоа што се презаморни. Кога и да ги сретнете, тие со “брате мили “сестро слатка“ некоја мака за која сакаат да се искажат. Мака за која тие не се нималку криви, туку им се случува по туѓа вина. Нивната судбина е да бидат несреќни и малерозни. Некој постојано да работи против нив и спротивно на нив. Тие во суштина се се уште бебиња неспремни да се соочат со животот. Очекуваат тој да им, биде добра мајка, а животот не сака. Животот не дозволува човекот да не се однесува спрема возраста. Така стануваат и опстојуваат како пасивни жртви.

Контролори

Ќе ги препознаете ако почуствувате страв, бунт, потреба да се скриете од нив (ако тоа не можете, тогаш станувате огорчено пасивни) да ги одфрлите. Нивната цел е да контролираат се и секој и по секоја цена да го добијат она што го сакаат. Доминираат во сите интеракции. Тие се добри психолози кога требаат да ги проценат вашите слабости, да откријат што сакате, посакувате за да владееат со вас, да откријат на што сте поткупливи и од што се плашите.

Ќе ве употребат вас, или било кој друг, за да го реализираат она што ќе го посакуваат. Ако при тоа ве повредат, не им е гајле. Целта го оправдува средството , а вие сте само „колатерална штета “ При тоа кога им е потребно ќе се потрудат да се прикажат дека всушност направиле нешто благородно, великодушно. Како да биле „милосрдни анѓели“. Кога ќе ве потрошат ќе си најдат замена. Односно „Кого го нема, без него се може“.

„Крокодилитре се мали бебиња спрема нив“. Крокодилиет дремат кога се сити, Нивниот неуспех да живеат со чувство на исполнетост и задоволтво, да бидат психички здрави – добри луѓе се заснова на нивната неспособност да ги разберат основните закони на животот. Погрешно ги поставуваат целите, а и понатаму работат се што е потребно за да ја реализираат  погрешно поставената цел. Нивната цел е моќ, моќ по секоја цена, без оглед на жртвата, бидејќи веруваат дека моќта ќе им донесе задоволство и среќа. Што повеќе стекнуваат моќ над другите луѓе користејќи ги, се се подалеку од задоволството (за среќа, неможе ни да се спомене) и потоа тежат кон што поголема моќ за да го постигнат задоволството кое им се оддалечува. Ако го изземеме смерот кон кој тргнале, тие се работат многу успешно. Тие се олицетворение на успех и често се случува да бидат успешни во бизнис, политика,к сттекнување моќ… Работата е се што е потребно за да го остварат – е својата цел. Доколку не им се улизуваат заради корист кој сакаат да ја извлечат од својата моќ, луѓето кон нив реагираат со отфрлање, бунт, избегнување, агресија.

Претстави за светот околу нив

Добивајќи такви реакции на себе, психопатите го потврдуваат своето видување на светот како непријателски и отфрлувачки, што уште повеќе ја поттикнубва нивната потреба за да контролираат, освојат, наметант својата моќ. Завршуваат како осамени и фрустрирани личности полни со омраза.

Фрустрати

Фрустратите се личности кои го гледаат проблемот, али никако не гледаат решение. Што и да им понудите, да предложите како некое можно решение, тие би ја започнале својата наредна реченица „Да, али…“ Стручњаци се да исфрустрираат секој кој ќе се обиде да им биде од помош. Луѓето исфрустрирани со однесувањето на фрустратите во смислиле изреки за нив. “На шугавата овца и волната му смета“

Што да им дадете или направите тие ќе го деградираат она што го добиваат (со тоа и личноста од која го добиле) бидејќи доследно ќе го негуваат своето незедоволство и фрустрација. Тие се зависни од фрустрација. Можната корист која ја добиваат од таквото однесување е дека некои луѓе се трудат да ги задоволат само за да им се откинат од вратот (или од оној што пред малку не сакав да го споменам, но ето пак се намести). На тој начин привлекуваат внимание и грижа, навлекувајќи навика луѓето да се трудат околу нив, но не овој начин на кој самите би сакале. Зошто некој би сакал да ви даде нешто, ако Вие тоа нешто не го цените, ако никогаш не ве задоволува, не ве радува, не ве прави среќен. Фрустратите се всушност психолошки фригидни, бидејќи постојано нешто бараат, а ништо не може да ги задоволи.

За оној кој со нив “води љубов“ тоа е многу фрустрирачко искуство. Фрустратите му даваат на луѓето фрустрација, а всушност ја добиваат назад. Тоа се разбира ја потврдува и нивната слика на светот како извор на фрустрација, па потоа фрустрацијата ја манифестираат во своето однесување, одбирајќи последици на однсување – фрустрација…и така во круг. Ако ги соочите со тоа што прават, со тоа дека нивната фрустрација е извор на нивната фрустрација, тоа ќе ги исфрсутруира уште повеќе и ќе ви кажат„Да…но ..“ нема право решение бидејќи секое решение нешто бара од нив, а тоа ги фрустрира… „Доста бре повеќе… !- слушаме како зборувате и сакате да побегнете од фрустратите. Разбирливо. Тоа и им се случува. Но, да не ве фрустрираме уште повеќе. Тие се предвидливи.

Постојат уште бројни типични начини на кои луѓето ја обликуваат својата перцепција на светот, се однесуваат спрема уверувања кои произлегуваат од таква перцепција која се потврдува бидејќи од луѓето добиваат реакции кои ги користат како „оправдани аргументи“’ за тоа дека се во право, дека нивната перцепција е исправна од уверувањата од кои тргнуваат. Нашате реалност е одредена со нашите толкувања на реалноста и нашата перцепција Ние ја одредуваме својата перцепција. И одговорни сме за неа. Истата случка може да има различно значење за различни луѓе. Своите верувања мораме да ги тестираме за да видиме дали нашето доживување на реалноста е таков за да ни дава прав смер за акција која ќе не доведе до реализација на посакуваните цели.

Човекот не реагира на она што му се однавор случува, туку како случувања ги толкува и усвојува. Тоа значи дека има голема моќ да влијае на своите претстави за себе. Добриот човек е искрен спрема себе, но не се обвинува и деградира себеси, ниту за своите недостатоци ги обвинува другите луѓе. Доволно е лошо тоа што во животот ни се случуваат негативни работи. Нашите толкувања и реакции  можат уште повеќе да го влошат и претворат во катастрофа. Психотерапијата помага и усмерена е кон тоа секој да  го препознае својот начин на перцепција, доживувања и толкувања на реалноста.