Нашата приказна започнува со Дино, мојот најдобар другар и мојата најголема инспирација. Неговата љубов и разиграност ме поттикна да создадам место каде сите кучиња ќе се чувствуваат како дома – мазени, пазени и третирани со најголема грижа, се фенираме заедно кога им е страв, се гушкаме и бакнуваме за да го намалиме стресот.
Во Динолино, секое крзнено другарче е посебно. Јас се грижам за нив како што се грижам за Дино – со многу внимание, топлина и љубов. Без разлика дали е време за стрижење, капење или само разубавување, вашето куче е во сигурни раце.
Посетете нè и дозволете ни да ја направиме вашата пудлица уште послатка, вашиот лабрадор уште поразигран, и секое куче уште посреќно и на крај да излезат парфемирани за сите да прашуваат од каде овој мирис? – Груминг Салон Динолино, каде што опашките се секогаш среќни!
Цела ова замисла ја реализирав поради мојата фамилија, што беше најголема поддршка и сеуште е, но најмногу ми помогнаа моите инструктори Илија и Татјана од Скопје во Груминг Академијата во која учествував и научив многу работи, па поради нив учествувам и на семинари каде што моето знаење сега го надоградувам се повеќе и повеќе, сега одиме во Белград каде што ќе се сретнеме со врвни грумери.
Локација: Стара Партизанска 20, накарши Шик Лавци, над пералната
Телефон: 075905836