Најбараниот комичар Никола Тодороски во Центар за култура – Битола со неговото најново комично кабаре шоу, меѓутоа овој пат премиерно со комичната стендап претстава со која постојано ги полни салите низ цела Македонија, и тоа по неколку пати!
Станува збор за најновото, второ комично кабаре шоу на Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, шоу кое ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во Битола на 11 декември 2024 во големата сала во Центар за култура – Битола, со почеток во 20 часот. Освен тоа комичниот настап ќе биде збогатен и со дополнителен бенд кој ќе ги придружува на сцена: Никола Јосифоски и Јане Тодороски.
Нивното шоу претставува квалитетен комичен проект, кој што опфаќа кабаре комедијата која трае час и половина, и истата е исполнета до последна секунда со динамични авторски песни и преработки, и секако основа на се е комедијата. Станува збор за комично музичко шоу кое користејќи го жанрот кабаре, се исмева со се она што не опкружува во животот.
Не чекајте ни миг, билети 24/7 на 078/ 66-77-97.
Ѕвонете веднаш – додека сеуште има билети! Цена на билетите во претпродажба е само 250 денари!