Денес и во наредните три дена најпоставувано прашање во Битола ќе биде: Дали имаш карта за на ракомет, бидејќи сите влезници за вечното дерби на македонскиот ракомет кое ќе се игра в сабота во Битола, Еуеофарм Пелистер – Вардар, што беа пуштени во продажба на пладне, се продадоа за само седум минути.
Посебно добри вести за љубителите на ракометот и вистинската ракометна атмосфера се тие дека ќе има присуство на двете навивачки групи “Чкембари“ и “Комити“, а најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра пред полни трибини.
Капацитетот на салата “Боро Чурлевски“ во Битола е нешто повеќе од 3.500 навивачи, претходно како сезонски билети се продадено околу 1.000 сезонци, а 2.500 илјади влезници се денес беа распродаден за рекордно време во македонскиот ракомет.
Да потсетиме дека Вардар победи на првиот натпревар во Скопје и сега е шанса “пелистерци“ да се реваншираат за поразот од 27:25.