Вечерва во Офицерски дом во Битола, Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ” од Битола организира Божиќен и предновогодишен концерт, кој ова хрватско друштво традиционално го организира секоја година на радост на љубителите на хрватската култура и музика од Битола, битолчани имаа прилика да ја видат изложбата “Јудита“ и предавање за Марко Марулиќ.
Овој пат гости од Хрватска беше културно уметничкото друштво “Јелса“ – “Песни и ора на Далмација“ од островот Хвар.
-Ова е продолжување на традицијата МХД “Марко Марулиќ“ да организира Божикен и новогодишен концерт, рече Бранко Маретиќ, претседател на МХД “Марко Марулиќ“, и додаде:
-Драги пријатели, ценети сограѓани, посебна ми е чест што можам да ве поздравам во име на хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ” од Битола, како и институциите од Битола кои ни помагаат ова да го правиме. Посебен позрдрав до заменик градоначалникот на Битола Бојан Бојковски. Секоја година нашето здружение “Марко Марулиќ“ Божик го одбележува со гостување на група или ансамбл од Хрватска, па така и оваа година. Културните посети и соработка траат повеќе години, колку што и постои здружението, односно 30 години. Вие сите све сведоци на нашите заеднички проекти со кои се запознаваме со богатата хрватска култура и традиции. Дел од тие проекти беа реализирани во соработка со многу институвии од Битола, а се надевам дека во таа насока ќе продолжиме. Сакам во оваа прилика на сите Хрвати во Битола и секаде каде живеат да им честитам претстојните празници, а секако и на сите битолчани.
Неда Маретиќ во име на хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ” рече дека им е мило што битолчани ја сакаат хрватската култура.
-Морам да напоменам дека нашите пријатели од Хрватска ги угостија членовите на КУД “Илинден“ од Битола на Меѓународниот фолклорен фестивал во Јелса, а нашите “илинденци“ достојно ја претставија нашата богата македонска култура. Ова го напоменувам поради фактот дека хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ” не ја претставува хрватската култура во Битола, туку и македонската во Хрватска, а ги поврзуваме уметниците од двете земји. Заедно пееме хрватски и македонски песни, а тоа е најпрекрасното во нашето дружење.
Битолчани имаа прилика да ја видат изложбата по повод 500-годишнина од првото печатење на „Јудита“ на таткото на хрватската книжевност, Марко Марулиќ, а потоа да ги слушнат и предавањето на гостинот од Сплит, Лука Марковиќ од литературен круг “Марулианум“ на тема “Марко Марулиќ и Европа“.
-Ве поздравувам од името на центарот за проучување на делото на Марко Марулиќ од Сплит и ми е големо задоволство да ви обратам вечерва, а на покана на Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ” од Битола, кој го носиме името на таткото на хрватската книжевност. Оваа година одбележуваме 500 години од смртта на Марко Марулиќ, Хрватската влада во негова чест на просторот на Хрватска и странство организира разни изложби, концерти, опера… а и вечерва кај вас. Предавањето ќе биде за неговите дела кои оставила силен впечаток низ Европа.
Главниот настан вечерва беше концертот на КУД „Јелса“ –„Песни и ора на Далмација“, на гостите од Јелса, островот Хвар.
–Во 1945 година во Јелса е основано Културно-уметничкото друштво “Проф. Ќиро Гамулин“, кое функционира до почетокот на 60-тите години, кога престана да работи и последната секција. Кон крајот на 70-тите, друштвото беше повторно обновено. Истото делува преку неколку секции. Фолклорната група ги изведувапе старите танци на островот Хвар и старосплитските, по кореографија на проф. Бранко Шеговиќ. Од 2011 година друштвото делува под името КУД “Јелса“ под водство на Перица Милета и навистина имаат со што да се гордеат. Верно го чуваат и пренесуваат културното и фолклорното наследство од колено на колено – на помладите, но и на постарите генерации, се претставија пред битолчани гостите од Јелса.
Специјалните гости на концертот беа учениците од Државното музичко училиште- Битола: Теона Буџаковска пијано, дуото соло пејачи Климент Ристески и Илијана Серафимова, пијано придружба Александар Грујовски.
Текст и фото: Сашо Ристевски











