Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: Процена на sPESI кај пулмоналниот тромбоемболизам -ПТЕ

Д-р Васил Чипуровски, информира за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на Процена на sPESI кај ПТЕ, за што вели:

Пулмоналниот тромбоемболизам – ПТЕ настанува кога тромбниот емболус го прекинува доводот на крв во дел од белодробниот паренхит. ПТЕ е најчесто компликација на длабока венска тромбоза на долните екстремитети, поретко на пелвична вени и вени на десниот атриум и горни екстремитети. Масниот емболус, емболусот од амнио ска течност и гасниот емболус се поретка причина за ПТЕ.

Предиспонирачки фактори се долготрајна имобилизација и недвижење, дебелина, SLE,возраст над 80 години, фрактури на колк и интервенции,карцином ,користење на естрогени итн. Клиничката презентација е неколу типа масивна белодробна емболија при инструкција на главна или многу гранки од белодробната артерија со појава на синкопа со кардиогени шок и пад на крвниот притисок на кои претходи тахикардија тахипнеја и гушење, вториот тип е субмасивна белодробна емболија при оклузија на помали гранки на белодробните артерии со гушење и градна болка, белодробниот инфаркт со градна болка и хемоптизии и четвртиот тип е хронична белодробна хипертензија со притисочно оптоварување на десен атриум вентрикул со последователна нивна дилатација и развој на десностчрцева слабост -СОR Pulmonale.

Во однос на дијагнозата улога имаат ЕКГ наодот S1Q3 со деснопонираност на оска, серолошки зголемени АСТЛДХ и ДДимерите, перфузионо-вентилациониот Скен, КТ, МРИ на бели дробови и златниот стандард на пулмонална ангиографија која покажува колкава е големината на белодробната емболија и локација.

Терапијата е емболектомија во развиени центри кај масивни БТЕ или тромболитична со стрептокиназа урокиназа, потоа со И.в антикоагулантна терапија па со долготрајна орална антикоагулантна терапија.

Еден од често користените индекси за прогноза на ризик од смртен исход во првите 30 дена по ПТЕ-Пулмоналниот тромбоемболизам е simplified Pulmonary embolism severity index -sPESI кој претставува збир на број на години на пациент и присуство или отсуство на карцином, ХОББ, конгестивна срцева слабост, хипоксија под 90% сатурација на кислород, тахикардија над 110/мин и систолна хипотензија под 100 ммХГ над 80години возраст.

Многу слаб ризик имаат оние пациенти со скор под 65 или група 1, слаб ризик од 65-85 или група 2, среден ризик од 86-105 група 3, висок 106-125 група 4 и многу висок ризик група 5 од смртност во првите 30 дена оние со индекс скор над 125. Првите две групи се со 1-3,7% ризик од смртност во првите 30 дена додека 5 група е со 10 -30% ризик од смртност во првите 30 дена.