Подготовките на ракометарите на Еурофарм Пелистер за вечното дерби на македонскиот ракомет кое се одигра во Битола им донесоа победа, иако малку публиката стравуваше, а подготовките на навивачите донесоа полна сала и атмосфера која “ја личи“ Битола.А се започна со песна, Димитар Андоновски, ја испеа “Ако одам во Битола“, со него пееше хор од 4.000 навивачи на Еурофарм Пелистер.
Додека се пееше неформалната химна илјада зелено-бели шалови ја декорираа спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, онака како доликува за празници кои се ближат.Ракометарите одигра одлично прво полувреме, направија голема разлика, а тоа беше наградено од навивачите, но поддршката не се намали и кога не им “одеше“ како треба, кога Вардар се приближи.На крај се беше заборавено и повторно со песна се заврши натпреварот, а публиката уште половина час минути заедно со ракометарите ја славеа победата над вечниот ривал.На натпреварот беа присутни и поголема група на “Комити“ но се помина најдобар ред, и под контрола на органите кои се задолжени за тоа.Низ поголем број на фотографии ви ја пренесуваме атмосферата во Битола на чесното дерби, а секој на свој начин го следеше натпреварот и навиваше.
Следува зимска пауза, но најверните навивачи на ракометот веќе ги прават плановите за идниот месец, кога Македонија настапува на Светското првенство, а првите натпребвари ќе се играат во Вараждин, Хрватска, а традицијата ќе продолжи и таму ќе има најмногу битолчани.
Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска