Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: со “сузуки“ удрил во бетонски столб кај “Довлеџик“, загина едно лице – совозач

На 15.12.2024 во 15.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Довлеџик“ во Битола, патничко возило „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 54 годишник од Битола, удрило во бетонски столб.

Од здобиените повреди на местото починал сопатникот на возраст од 80 години од Битола, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола.

Додека, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »