Директорот на националниот парк “Пелистер“ – Битола Иванчо Тошевски одржа прес-конференција кај Инфо центар Пелистер на која информираше за престојниот настан со оригинално име “Куќа имам на Пелистер“, кој ќе се одри в недела на 22 декември со почеток во 11 часот на локација на Инфо центар Пелистер.-Настанот има за цел да ја обедини целата туристичка понуда на Пелистер и поширокиот регион. Со свои содржини ќе се презентираат повеќе од 20- тина локални производители на храна и пијалоци, ресторани, хотели, кафе барови, туристички агенции и лица кои нудат дополнителни туристички содржини како кањонинг во Мариово, џееп сафари на Пелистер, фрее рид скијање, екстриме бике со долн хил купот, ултра трајл маратонот и други. Како национален парк “Пелистер“ сметаме дека овој настан треба да биде стартна точка за првично поврзување помеѓу се она што е и може да биде туристичка понуда на Пелистер, како идна основа за развој на инкаминг туризам. Настанот го организираме на локација Инфо центар затоа што во иднина инфо центарот ќе биди стартна точка за сите активности на Пелистер, и многу набрзо истиот ќе биде достапен за сите планинари, љубители на природата и други посетители, рече Иванчо Тошевски, директот на НП “Пелистер“.Во забавниот дел од програмата ќе настапат групата „Деспина“, ди-џеј шваба, а модератор на настанот ќе биде актерот Марјан Геогиевски.-Важно е посетителите да знаат дека учесниците на настанот своите производи ќе ги нудат по дампинг цени со цел да бидат достапни за сите, и на предлог на учесниците ќе организираме богата наградна игра, а добиените средствата ќе бидат донирани за хуманитарни цели, рече Тошевски, кој на крај додаде:-Апелирам до сите кои сакаат да присуствуваат на настанот, од Битола и околните градови да користат бесплатен јавен превоз кој го обезбедија локалните превозници со што ќе го избегнеме сообраќајниот метеж, и притоа може да го користат телефонскиот број што е истакнат во објавата за настанот. Голема благодарност до сите учесници и поддршката од Општина Битола бидејќи овој настан е дел од „Зимска приказна“.За најавата Тошевски, дека Инфо центарот ќе биде отворен за сите појасни:-Љубителите на природата и планирањето треба да знаат дека во изминатава една година Инфо центар на Пелистер и покрај тоа што се наоѓа на местото викано “Седум кладенци“ сепак долго време беше без вода и небеше достапен за посетителите. Благодарение на нашите стручни лица веднаш презедовме активности и обезбедивме вода и има вода за пиење. Сега Инфо центарот може непречено да се користи, посетува и да биде дом на планинарите. Во соработка со планинарската федерација ќе договориме дополнителни активност на планината, уредување на патеките и други зафати.Немањето на вода беше предизвикано од дефект на водоводната мрежа кој сега е отстранет.
“Куќа имам на Пелистер“ кај инфо-центар Пелистер со цел да се обедини целата туристичка понуда на Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со пораз во Битола ја заврши сезоната во АБА2 лигата (фотогалерија)
- СВР Битола: пешак повреден на “Македонска фаланга“, семејсно насилство – син нападнал татко
- Утре во Битола започнува празничната магија со препознатливо име “Зимската приказна“ ќе трае 18 денаУтре во Битола започнува празничната магија со препознатливо име “Зимската приказна“ ќе трае 18 дена
- Добитникот на наградата за животно дело Борис Чоревски засади дрво во Алејата на добитниците
- Доделини наградите на најдобрите ученици во Битола, в година награди во три области – уметност, наука и спорт