Press "Enter" to skip to content

Здружение на лиценцирани енергетски контролори потпишаа меморандум за соработка со Министерство за енергетика…

Здружение на лиценцирани енергетски контролори претставувано од претседателката Весна Неделковска од Битола и Министерство за енергетика рударство и минерални суровини претставувано од министерката Сања Божиновска потпишаа меморандум за соработка, со што е официјализирана успешно започнатата соработка со Министерството, се со цел унапредување на енергетската ефикасност во секој сегмент од општеството.

Ова е значаен чекор во подобрувањето на работите со енергетската ефикасност, како во законската регулатива така и во успешната имплементација на истата. Целта е преку здружување на експертизата и институциите да се забрза унапредувањето на енергетската регулатива и стручна поддршка. Меморандумот предвидува активности како промоција на енергетска ефикасност, размена на информации, стручна и техничка поддршка, како и организирање на трибини, обуки и настани.

-Преку здружување на стручноста и ресурсите, ќе работиме на подобрување на законодавството и создавање конкретни придобивки за граѓаните. Ова партнерство е нашата посветеност кон поефикасна иднина, истакна министерката за енергетика Сања Божиновска.

Претседателката на ЗЛЕК, м-р Весна Неделковска, нагласи:

-Соработката со Министерството ќе овозможи поефективно користење на нашето знаење и експертиза. Заедничките активности ќе придонесат за значајни чекори во афирмацијата на енергетската ефикасност.

Здружението на лиценцирани енергетски контролори на Македонија (ЗЛЕК) е професионална организација која има цел промоција и унапредување на енергетската ефикасност преку обезбедување енергетските контроли да ги вршат соодветно обучени и овластени ревизори, релевантни за секој пазар. Обезбедуваат консултантски услуги, стручна анализа и помош во конкретни проекти поврзани со енергетската ефикасност. Преку своите активности, ЗЛЕК придонесува кон подобрување на законодавната рамка, едукација на професионалците и јавноста, како и практична имплементација на мерки за енергетска ефикасност во Република Македонија.

Оваа соработка со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини претставува значаен чекор кон зајакнување на енергетската ефикасност и одржливиот развој на енергетскиот сектор во земјата и ја поставува основата за иновативни пристапи во справувањето со енергетските предизвици.