Денес Еурофарм Пелистер од Битола го официјализира останувањето на кружниот навивач Жарко Пешевски уште една година, а веќе е заверен новиот договор за следната сезона. Пешевски имаше важечки договор до крајот на оваа сезона, сега стави потпис на едногодишен договор, а има и опција за продолжување на уште една.
Шампионот на Македонија продолжува со својата стратегија да ги задржи најбитните елементи од последните две шампионски генерации што е можно подолго во клубот. Во таа линија горди сме и на денешниот потпис. Репрезентативниот кружен напаѓач и еден од капитените на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски се обврза на нов едногодишен договор, со опција и за втора сезона во нашиот дрес. По враќањето од Германија, Пешевски пронајде своја нова домашна средина во Битола и задоволство ни е што нашиот проект се совпаѓа со неговиот. На половина година од истекот на стариот договор парафиравме нов, со желба и тој да биде успешен како претходниот“, се вели во соопштението на клубот од Битола.
Жарко Пешевски Штутгарт се врати во Македонија и потпиша за Еурофарм Пелистер, а има настапувано и за Металург и Мотор Запорожје.