Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две апсења за дрога, “рено“ излетало од пат, фатено лице барано по потерница, физички напад

На 20.12.2024 во 20.30 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Коста Абрашевиќ во Битола го лишиле од слобода 18 годишник од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 20.12.2024 во 19.55 часот полициски службеници од СВР Битола во село Долно Оризари, битолско, лишиле од слобода 44 годишник од с. Долно Оризари бидејќи при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
 
На 20.12.2024 околу 15.50 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на патот Градско-Прилеп, товарно возило „рено кангу“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 39 годишник од Битола, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот 30 на возраст од Битола, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
 
На 20.12.2024 во 16.40 часот полициски службеници од ОВР Ресен во с.Избиште, ресенско лишиле од слобода  31 годишник од Битола, кој бил баран со централна потерница од КПУ Затвор Скопје за издржување на казна затвор. Лицето е спроведено во КПУ Затвор Скопје.

 
На 21.12.2024 во 02.00 чaсот во СВР Битола В.Б. (26) од с.Беранци, битолско, пријавил дека во угостителски објект лоциран на ул. „Новачки пат” во Битола бил физички нападнат од страна на обезбедувањето. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
 
More from ВестиMore posts in Вести »