Син0ќа во големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа концерт на Битолски Камерен Оркестар ⋮IWCоnnect насловен како “Виена во Битола“, а поради премноги големиот интерес се одржаа два концерти еден по друг.Салата беше исполнета до последното место за двата концерти, а синоќа околу 2.000 битолчани уживаа во “Звуците на Виена“ – новогодишна магија пренесена во Битола. “Виена во Битола“ според многумина е нешто најдобро за почетокот на празничната сезона!На сцената на која имаше повеќе од дваесетина артисти на Камерниот оркестар ја збогатија и извонредните сопрани Биљана Јосифов и Елеонора Џоџоска – Младенова.
Со прекрасни танци и се претставија и истакнати солисти на Националната опера и балет, меѓу кои Марија Кичевска, Francisco Gimenez Ruiz, и Мими Поп-Алексова.Концертот се одржа под диригентската палка на Владимир Димовски, кој во негово име и во име на изевдувачите на сите присутни им ја честита Новата 2025 година.
Фото: Сашо Ристевски