Утрово, во Болница Плодност го дочекавме 787 новороденче за оваа година. На свет дојде прекрасно девојче, преку методата на породување во вода.
-Радост и посебно задоволство, искуство со многу помалку болки, отколку за првото породување, кое беше по природен пат. Речиси беше нестварно за мене, колку методата на породување во вода е побезболна и поедноставна. Со помош на д-р Марија Христовска, која цело време се грижеше за мојата бременост и моето бебе, се помина во најдобар ред. Од срце на сите мајки им ја препорачувам оваа метода, а среќата и искуствата се уникатни. Драго ми е што во болница “Плодност“ ја имаме можноста за вакво искуство по светски стандарди, истакна среќната мајка по породувањето.
Методата на породување во вода, единствено во Македонија се применува во Болница Плодност – Hospital Plodnost