Press "Enter" to skip to content

На 30. државно првенство во бокс во Битола возобновен турнирот “Битолски победник“ (фотогалерија)

-После 28 години, од 1998 година, се возобнови традиционалниот турнир “Битолски победник“.

-НБФ додели признанија на битолчани заслужни за разбој на боксот во Битола и Македонија.

-Прогласени најдобрите екипи во младинска и сениорка категорија, Пелистерски  јунак прв во сениорка, втор во младинска категорија.Викендов во Битола се одржа 30. државното првенство во бокс за сениори, младинци, јуниори и кадети. Првенството беше во организација на боксерскиот клуб Пелистерски јунак од Битола и Националната бокс федерација, а се оджа во салата “Боро Чурлевски“ во Битола.На Првенството настапија боксери во сите категории од 16 клубови, а на Државното во Битола се возобнови турнирот “Битолски победник“.Претседателот на Националната бокс федерација, Кристијан Андреевски, на отворањето на првенството, пред околу 2.000 љубители на боксот во Битола, рече:-Домаќините, боксерскиот клуб Пелистерски јунак го прифатија предизвикот заедно со градоначалникот на општината Тони Коњановски да го организира првенеството, а се надеваме дека и битолската публика ќе ужива во овој боксерски хепенинг, воедно и почеток на една голема традиција во името на “Битолски победник“. Како претседател на Федерацијата, уште еднаш сакам да им се заблагодарам на сите учесници во организацијата на големиот настан, на боксерите и тренерите да им посакам среќа во борбите, а публиката да ужива.На 30.  поединечно Државно првенство во бокс, при што домашната публика во спортската сала “Боро Чурлевски“  и македонската јавност имаа можност да ги види најдобрите боксери од цела Македонија во сите возрасни и тежински категории.Градоначалникот, Тони Коњановски, истакна дека Битола како спортски град, но и како град на еден од најдобрите боксерски клубови во нашата држава го прифати предизвикот, а уште позначајно е што се возобнови традиционалниот турнир “Битолски победник“, кој своите почетоци ги имаше во 80-тите, а последен пат се организирал во далечната 1996 година.Посебни признанија за придонес во развој на боксот добија: Сејдо Адемовски, Ице Георгиев – Бајче, Илија Бејџигеровски, Димче Миновски, Александар Најдовски – Сканта, Тони Коњановски, Јове Петровски и Цане Георгиевски.Тренерот на Пелистерки јунак, Јове Петровски ги прими пехарите за двете екипи на клубот, сениорската за првак, а јуниорската за второ место.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »