Кошаркарите на Пелистер вечерва во 18.30 часот во Битола го пречекуваат Тиквеш во рамките од 12. коло од Првата лига. За крај на годината, управата на КК Пелистер донесе одлука овој натпревар, последен во Битола да биде од хуманитарен карактер.
-Испраќаме искрена порака д сите наши навивачи да дојдат и да бидат дел од овој меч, од кој сите приходи ќе одат на сметка на основното училиште ресурснен центар за деца со попречености “Кочо Рацин“ од Битола. Во тој правец, сезонските билети што ги имаат нашите верни фанови нема да важат за дуелот со Тиквеш, сите во салата ќе трба да си купат влезница, на тој начин сите заедно да ги разубавиме празниците на оние на кои тоа навистина им е потребно, а тоа веќе го направија кошаркарите, управата, новинарите, вработените од “Кочо Рацин“, рече Марјан Илиевски, член на управата на КК Пелистер, кој и додаде:
-Вчера на последниот тренинг пред оваа средба имавме емотивна средба со дечињата, ова е она што најмалку можеме да го направиме. Поголемо богатство е самото дружење со нив и да видиме дека денешницата ни носи, за жал, и вакви судбини на кои сите ние колку што имаме можност и на било кој начин треба да им подадеме човечка рака. Затоа мечот со Тиквеш ќе биде од хуманитарен карактер, се надеваме на голема посетеност за на крајот заеднички да ја прославиме победата.
-Битолчани, дојдете во сала и бидете хумани, за крајот на оваа и најава уште поголеми радости во 2025 година! Парите собрани од влезниците од утрешниот кошаркарски натпревар ќе се донираат во Ресурсниот центар „Кочо Рацин“, е пораката од КК Пелистер.










