Пред почетокот на 2025 година најголемиот ланец на лаборатории во Македонија, Лабораторија РАМУС отвори нова локација во Битола на улица “АСНОМ“ бр.3, во близина на Клиничката болница. Отворањето на лабораторија и во Битола е одговор на очекувањата на пациентите да добијат висококвалитетни услуги и резултати во најкус можен рок. Модерната лабораторија ги нуди сите општи биохемиски анализи, хормони, тумор маркери, витамини, микроелементи, серолошки анализи, молекуларни, микоробиолошки, генетски и многу други.
„Во дијагностичка лабораторија РАМУС гарантираме висока точност на резултатите добиени со употреба на висококвалитетен медицински потрошен материјали. Анализите ги прави високо стручен кадар, биолози, микробилози, лаборанти и технички стручњаци, а и самите лаборатории се опремени со најсовремена и сигурна опрема, а во контролата на нашето работење се вклучени реномирани национални системи за надворешна контрола“, објаснува Елеонора Арсова од Лабораторија РАМУС.
Лабораторијата нуди и домашна посета на претходно барање од пациентот за земање материјал за анализа. Резултатите се лесно достапни и за докторите и за пациентите преку интернет со податоци за индивидуален пристап.
На македонкиот пазар РАМУС работи повеќе од 5 години, односно првата лаборатија е отворена во јануари 2019 година. Од тогаш до сега своите услуги ги нудат на 10 локации во повеќе градови – Скопје, Куманово, Тетово, Струмица, Струга, Охрид, Кавадарци и сега во Битола.
Ланецот лаборатории во регионот успешно работи повеќе од 20 години. Нејзината мисија да придонесе за унапредување на човековото здравје значи да обезбеди висококвалитетни и современи анализа на голем број биомаркери со примена на најсовремени клинички лабораториски тестови за остварување на сеопфатна дијагностика. РАМУС располага со нас 300 сопствени филијали во регионот, каде се вработени над 100 специјалисти. Првата лабораторија е отворена во 2001 година во Софија во Бугарија како самостојна медицинска дијагностичка лабораторија.
Ова се локациите на лабораториите на лабораториите на РАМУС:
ул. Народен Фронт бр.14, Капиштец, Скопје тел. 02/55 12 500
ул. Методија Шаторов Шарло бр. 25, населба Аеродром, Скопје тел. 070/ 236 – 296; 02/ 244-6004
ул. Димо Габровски Кара бр. 3, Тетово тел.: 046/200 070; 071 / 38 07 83
ул. Д-р. Рибар бр. 2, Куманово, Тел: 031 464 711; 070 235 980
ул. Цано Поп Ристов бр.1, Кавадарци, тел. 043/ 550 001
Струмица, ул. Младинска, бр. 24А, Тел: 034 38 93 83; 072 21 00 63
Струга, ул. “Каj 8 Ноември без бр”, тел.: 071/289-225
ул. “АСНОМ“ бр.3, Тел. 071289220 Битола
ПЗУ Дарон – Рамус, бул. Туристичка бр. 73 Охрид
ПЗУ Дарон – Рамус, ул. Jане Сандански бр. 57 Охрид






