На 29.12.2024 во 02.10 часот во СВР Битола било пријавено дека во угостителски објект лоциран на ул. “Новачки пат“ 30 годишник од село Бела Црква, лице од село Бучин и две лица од Битола го нарушувале јавниот ред и мир со предизвикување и учество во тепачка, при што употребиле и тврди предмети. По документирање на настанот против истит ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 28.12.2024 во 09,35 часот во СВР Битола било пријавено дека во куќа на ул „Штипска” во Битола сопственост на Љ.Т. од Битола се запалил оџакот од неговиот дом. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Битола при што повредени лица нема причинета била само материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.






