По реализација на хуманитарната акција на Еурофарм Пелистер од Битола која ја реализира во ресурсниот центар “Кочо Рацин“ во Битола денес продолжи со своите хуманитарни активности.
Денеска, членови на двете екипи Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 ја посетија Клиничката болница во Битола и донираа плишани играчки во детското одделение.
Плишаните мечињаа беа собрани заедно со публиката на полувремето од големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, кога битолчани уште еднаш ја покажаа својата хуманост.
Паркетот во „Боро Чурлевски“ беше преполн со плишани играчки, од кои дел завршија во основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“, а останатиот во педијатриското одделение во битолската болница.
-Нека нашиот потег биде порака за сите наши приврзаници. Среќни празници!, порачаа од Еурофарм Пелистер.

“Пелистерци“ поделија плишани играчки во детското одделение на болница во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер
More from СпортMore posts in Спорт »
- Младинците на Еурофарм Пелистер подготвени за младинската Лига на шампиони, прв испит данскиот Алборг
- Пријателски натпревар на младинците на Еурофарм Пелистер и врсниците од Охајо во Битола (фотогалерија)
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Кошаркарите со порака: победа над Гостивар како императив










