Битолската приказна носи радост и празнична магија низ целиот град. Возот Мечо омилениот празничен херој, а од оваа година заедно со Битолското чупе, ги носат најмалите на празнично возење исполнето со насмевки и радост. Битолското чупе, симболот на традицијата во млечната индустрија оваа година додава дополнителен сјај со поддршката на Бимилк и заедно со вовчето Мечо ги кани сите дечиња на незаборавно возење. Редовните бесплатни возења продолжуваат, ве очекуваат вовчето Мечо и Битолското чупе.
Мечо ќе продолжи да вози и во првите денови од 2025 година, од 1 до 6 јануари, секој ден во терминот од 11 до 15 часот.
Битола уште еднаш ја потврди својата репутација како град на традицијата, културата и празничната магија. Оваа година, со над 400 настани на шест локации низ градот, „Зимска приказна“ ја претвора Битола во центар на зимската радост, инспирација и семејни вредности. Од концерти, уметнички перформанси, детски програми, па сè до традиционалните зимски атракции како лизгалиштето и возот Мечо, „Зимска приказна“ ја прави Битола најпосакуваната зимска дестинација во Македонија.
Препознавајќи го растот и значењето на фестивалот, Бимилк, симболот на автентичната традиција во млечната индустрија, се приклучи како горд партнер за да ја поддржи оваа приказна која станува сè поголем мотор на локалната економија и туризам.
„Зимската приказна израсна во бренд на Битола којшто ги сплотува семејните и празничните моменти во вредност за градот и граѓаните. Бимилк заедно со Битолското чупе, како бренд кој е тесно поврзан со градот, и кој се залага и ги штити семејните и традиционални вредности, горди сме што повторно и оваа година ја поддржуваме „Зимска приказна”. Овој настан не е само фестивал, туку вистинска манифестација која го обединува празничниот дух, традицијата и современите потреби на заедницата,“ изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.
Со своето партнерство, Бимилк не само што ја поддржува магијата на „Зимска приказна“, туку и ја зајакнува врската меѓу традицијата и современите вредности. Од насмевките на дечињата и незаборавните моменти поминати со возот Мечо, до топлината на секој празничен момент дома, Бимилк ја продолжува својата мисија – да биде дел од најубавите семејни приказни.






