Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад, со “форд“ повредил жена-пешак кај “Карпош“, четири приведувања за пиротехника

На  30.12.2024  во 21.25 часот во СВР Битола, И.Р. (37) од Битола пријавил дека на ул. „Игњат Атанасовски” во Битола бил физички нападнат од 61 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 30.12.2024 во 13.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Карпош“ во Битола, патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 47 годишник од Битола, удрило во пешак, жена на возраст од 61 годи а од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила повредената кои се констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Битола.  

На 30.12.2024 на ул .„Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 32 и 43 година, двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот, против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.

На 30.12.2024 на ул. „Столарска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 53 годишник од Битола затоа што кај него биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 30.12.2024 на ул.„Македонска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Б.(36) и Г.М.(34), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот, против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.

На 30.12.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 50 годичник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.