-Покрај Атанас во “Плодност“ Битола родено е уште едно бебе, женско во седум часот.
На првиот дел на Новата година во Битола традиционално градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ги посетува првите новороденчиња родени во 2025 година во Битола.
Првороденото бебе во болницата “Плодност“, родено 7 минути по полноќ е машко, а во оваа болница изминатата ноќ родено е уште едно женско бебе. Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на родителите, традиционално им подари подароци на новороденчињата.
Во “Плодност“ машко новороденче, е со родилна тежина од 3.540 грама и 50 сантиметри должина.
-Искрени честитки до родителите. Да имаме што повеќе дечиња и младите да ни останат тука, во Битола. Нека ни е Среќна Новата година, порача градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Примариус д-р Таше Трпчевски во изјавата рече:
-Сакам на сите граѓани од Македонија да им ја честитам новата 2025 година и посакувам оваа година да биде весела, радосна Нова година, успешна и со многу здравје. Во нашата болница само седум минути по полноќ породена е прворотка, тоа беше спонтано породување, се роди машко дете, а во седм часот родено е второто бебе, женско, со царски рез.
-Инаку во 2024 година во “Плодност“ се родени 799 раѓања, 33 раѓања помалку во однос на 2023, а со овие бројки ние се вкопуваме во здравставената статистика, која вели дека бројот на живородени е помал за 6 проценти, додаде Трчевски.
Во разговорот во градоначалникот на Битола, д-р Трпчевски го запозна со вложувањата во болницата, а го запозна и со идните планови, односно развојот на “Плодност“, а прв реализиран проект ќе наскоро соопштен.
Сашо Ристевски





