На 31.12.2024 во 19 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Девеани” во Битола, пред влез на Казнено поправната установа Затвор Битола, лишиле од слобода 44 годишник од Битола, кај кого при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
На 31.12.2024 во 15.30 часот во СВР Битола Г.С. (40) од с.Лопатица, битолско, пријавил дека во училиште во с.Кукуречани неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот Д.Д.(42) од Битола. Истиот ден во 18.00 часот, во СВР Битола и Д.Д (42) пријавил дека во училиште во с.Кукуречани, додека бил во училишните простории бил физички нападнат од Г.С. од с. Лопатица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 31.12.2024 во 15 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. “Филип Втори Македонски“ во Битола го лишиле од слобода 56 годишник од Битола, кај кого, на тезга во градскиот пазар биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.






