За прв пат во Битола и за прв пат во рамките на “Зимската приказна“ во Битола Дедо Мраз дојде на мотор, а сето тоа во ораганизација на мото клубот МК Конзули оф Битола поддржано од “Taskforce“, американско-македонската компанија, која го исполни денешниот ден со насмевки, адреналин и магија.Сите љубители на моторите од секогаш го замислувале Дедо Мраз доаѓа на мотор, а тоа што се случува во големите градови се случи денес во Битола.
Битола во духот на празниците доби сосема нова димензија, доби моторџии облечени како Дедо Мразовци!
По собирот на моторџиите пред нивниот клуб на Железничка станица, тие продолжија кон влезот на Битола од Прилеп и паузира кај “Bliss“.
Потоа продолжија до објектот на “Taskforce“, да и таму направат малку празнична атмосфера, сето тоа остана забележани преку семејни фотографии кај горниот објект на “Taskforce“.
Возењето на Дедо Мразовците заврши на плоштадот “Магнолија“, кај лизгалиштето, каде што најмалите ги добиј подароци од Дедо Мразовците.
На плоштадот “Магнолија“ присутени беа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, кои ја поздравија идејата и рекоа дека се надеваат дека ова ќе биде традиционален настан со кој ќе се збогатат Новогодишните и Божикните содржини во нашит град. Нешто што се случува насекаде низ светот, како поддршка на локалната заедница од мото клубовите се случи и во Битола.
Ромео Јовановски, претседател на МК Конзули од Битола за денешното дружење рече:
-Во соработка со Општина Битола и “Taskforce“ направивме пред Божикно дружење на моторџии и на сите кои се тука на “Магнолија“ им приредивме несекојдневно доживување, го донесовме Дедо Мраз на мотор. Поделивме стотина новогодишни пакетчиња, а направивме едно дефиле низ градот. Имаме соработка со Општина Битола, а сега само ја продлабочуваме. Се надевам дека идната години ќе бидеме во поголем број и Дедо Мраз на мотор ќе усреќи поголем број на дечиња, битолчанчиња.
Текст и фото: Дамијана Ристевска