На 05.01.2025 во 22.30 часот, 36-годишна жена од Битола пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг од битолско село, во неговиот дом физички го нападнал неговиот малолетен син и упатувал закани на неа и нивната малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 06.01.2025 во 02.00 часот на ул. “Кичевска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 42 годичник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 05.01.2025 во 16.00 часот во СВР Битола, четори лица сите од Битола, вработени во агенција за обезбедување, пријавиле дека во ноќен клуб во Битола, лице од Битола физички нападнал гостин во клубот, а откако го изнеле надвор од клубот агресивно се однесувал кон нив и им се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






